Општина Дебарца доби 43 нови контејнери за собирање на отпад

Со заеднички договор помеѓу Општина Дебарца и Општина Струга, а преку Швајцарска агенција за развој и соработка и фондацијата за отворено општество Македонија, набавени се 43 контејнери за собирање на отпад.

Имено се работи за донација каде што половина од вредноста на набавката односно 400.000 денари плати општина Дебарца, а половина се средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и фондацијата отворено опшество Македонија.

Истите преку Јавното претпријатие за Комунална дејност „Дебрца“ ќе се постават по населените места на општина Дебарца, со што ќе се овозможи поефикасно собирање на комуналниот отпад, а истовремено се придонесува и за зачувување и заштита на животната средина на територијата на општина Дебарца.

KontejneriDebarca2