Организацијата „Македонија 2025“ ја промовираше Македонија како извозно ориентирано средиште за поголем број индустрии и нејзините инвестициски можности во Торонто, Канада. Повеќе од 25 говорници дискутираа за можностите за инвестирање во автомобислкиот, енергетскиот, рударскиот, информацискиот, агроиндустрискиот и во здравствениот сектор.
На конференцијата учествуваа повеќе од 100-тина претставници на македонската бизнис дијаспора во Северна Америка, членови на Одборот на „Македонија 2025“, потенцијални канадски инвеститори, бизнис делегација од Македонија, како и владини претставници меѓу кои министрите Миле Јанакиески и Џери Наумоф, како и Виктор Мизо директорот на Дирекцијата за техонолошки индустриски развојни зони.
„Канада и Македонија ги користат во полза на заемниот бенефит добрите односи чии почетоци датираат уште од почетокот на 19 век. Како претприемач и горд пријател на Македонија, ја поздравувам оваа навистина особена можност за подобрување на билатералните инвестиции и трговските партнерства меѓу Канада и пазарот од 175 милиони жители на Јужна и Централна Европа, што е во пораст,“ истакна на конференцијата сенаторот на Онтарио, Дон Мередит.
Џон Битов, член на одборот на „Македонија 2025“ изрази надеж дека конференцијата ќе вроди со нов прилив на инвестиции во Македонија.
„Природните ресурси што ги има Македонија, стручната и образована работна сила, како и одличната оперативност поддржуваат добри резултати во бизнисот. Сето тоа овозможува создавање на партнерства што произведуваат развој и профитабилен пораст“, истакна Бет Причард од Санрајс бјути студио.
Трибината посветена на секторот за автомобилски делови ја посочи Македонија како прва станица на тлото на Европа што ќе и овозможи подобра глобална компетитивност на оваа канадска индустрија. На трибината зборуваше Флавио Волпе, претседател на здружението на изработувачи на автомобилски делови, ја препознава добрата позиционираност на Македонија во однос на критичните индикатори во оваа индустрија, ефикасната оперативна структура, пристапноста до стручен работен кадар, поддршката од страна на владата и достапноста до клучни пазари.
„Македонија има правилен однос кон привлекување инвестиции и ужива репутација на добар поддржувач на производствените компании. Производителите на автомобилски делови, кои се во потрага по критична маса на произведувачи на оригинална опрема (ОЕМ) во отворен пазар, дефинитивно треба да ги имаат предвид клучната поставеност и добрата инфраструктура со кои располага Македонија,“ посочи Волпе.
„Македонија 2025“ најави дека ќе работи на зајакнување на врските со канадските инвеститори и ќе продолжи и понатаму да ја промовира Македонија како добра локација за бизнис.