УЈП: 3.348 даночни обврзници успешно ја имаат заокружено регистрацијата на 7.033 фискални системи на опрема со GPRS уред

Според последните податоци на УЈП, 3.348 даночни обврзници успешно ја имаат заокружено регистрацијата на 7.033 фискални системи на опрема со GPRS уред.

Потсетуваме дека обврска за воведување на фискален апарат со GPRS уред најдоцна до 31 октомври 2014 година имаат даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи).

Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година.

За невоведување на фискален апарат со ГПРС уред законот предвидува времена мерка забрана за вршење на дејност, како и парични глоби за одговорното лице и правното лице.