Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2014 година, во однос на август 2013 година, изнесува 100.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (8.9%), Градежништво (5.0%) и Уметност, забава и
рекреација (4.8%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (3.9%), Административни и помошни услужни дејности (2.4%) и Преработувачка индустрија (2.4%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2014 изнесува 21 217 денари.  Во август 2014 година, 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.