Тунтев: Како на партијата ВМРО-ДПМНЕ и‘ успева да се богати и луксузира додека граѓаните едвај да врзуваат крај со крај?

ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-конференција, на која зборуваше претседателот на ОО на СДСМ, Томислав Тунтев, кој се осврна на неодамна ставањето во употреба на новите партиски простории на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Јавноста штуро беше информирана дека новите простории се купени со сопствени средства на партијата. Се работи за атрактивна локација во центарот на градот, со пазарна вредност од над 300 илјади евра. Народот во Македонија е се‘ посиромашен, а партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ се‘ побогата.

Според овој имотен лист, станува збор за 123 метри квадратни во комплексот згради кај Старата автобуска станица во Охрид. Се поставува прашањето – како на партијата ВМРО-ДПМНЕ и‘ успева да се богати и луксузира додека граѓаните едвај да врзуваат крај со крај?“– запраша Тунтев.

Ohrid 3 A1

Тунтев рече дека пред неколку месеци веќе обелодениле официјални докази за тоа како ВМРО-ДПМНЕ за само три месеци, пред изборите оваа година, во повеќе градови низ Македонија стана сопственик на имот вреден над 1,6 милиони евра.

„Како ли партијата на Никола Груевски, којашто во 2011 година имала долг 3.5 милиони евра, за само три години подоцна стана сопственик на имот од над 1.6 милиони евра? Како успеа ВМРО-ДПМНЕ да врати 3,5 милиони евра и да собере уште 1,6 милиони евра за нов имот ширум Македонија? На кој начин партијата ги прибра тие пари?

Зошто тоа истото не може да го направи и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, па да започне конечно со инвестирање во ветените приоритетни проекти за охриѓани?! Зошто огромни пари се инвестираат во партиски простории, а можат да се искористат за добробит на сите охриѓани?! Наместо тоа, локалната самоуправа во Охрид дополнително ќе ги задолжи охриѓани со нови 127 милиони денари кредит за наводни капитални инвестиции. Од кога пет возила за „Охридски комуналец“, две кружни раскрсници и асфалтирање на неколку улици претставуваат капитални инвестиции?! Што стана со приоритетните капитални проекти што ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот им ги ветија на охриѓани пред 20 месеци во нивната изборна програма? ВМРО-ДПМНЕ има обврска пред граѓаните, коишто ги доведе на работ на сиромаштијата, да одговори на овие прашања.“– заврши Тунтев.

TomislavTuntev02

WebOhrid