Македонскиот туристички производ ќе биде претставен на интернационалниот саем за туризам World Trave

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 3-ти до 6-ти Ноември, 2014 година ќе ја промовира Македонија и македонскиот туристички производ на интернационалниот саем за туризам World Travel Market во Лондон, Англија 2014.

На овој саем за првпат ќе учествува и Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што на мапата на светот ќе се претстави како привлечна дестинација за Англиските туристи. Уште една причина повеќе за зголемување на бројот на туристи од Англија е и дирекната линија на Wizz Air, Скопје-Лондон (Luton).

Свое учество на македонскиот штанд ќе имаат и повеќе туристички агенции/компании од Македонија кои на туристичките работници од Англија, Европа и светот ќе им презентираат квалитетни понуди и атрактивни туристички производи од Македонија. Со оваа саемско промовирање се прават напори да се отвори уште еден туристички пазар со цел зголемување на бројот на странските туристи во Македонија. Македонија е промовирана и во каталогот на WTM, бизнис каталогот, како и онлајн промоција на официјалната страна на саемот.

АППТ на саемското промовирање ќе организира и дегустација на македонски вина. На македонскиот штанд ќе бидат поканети тур оператори, новинари и посетители/потенцијални туристи од Англија кои нема да останaт рамнодушни од новата атрактивна дестинација на Балканот и пошироко.

Македонија ќе биде претставена како сериозен учесник во најважниот и еден од најголемите светски туристички саеми. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски ќе се сретне со членови на ABTA (Асоцијација на тур оператори од Англија), туристички професионалци, претставници на медиа/маркетинг компании и новинари.

Светската туристичка берза WTM годинава слави љубилејни 35 години и ќе биде форум за презентација на 186 земји/региони со приближно 698 штандови и 4,903 излагачи/компании од областа на туризмот. Ќе учествуваат и рекорден број на трговски професионалци околу 22,100 како и 8,544 купувачи и 2,888 новинари.