Нови хортикултурни решенија кај Мазија, Сараиште и Даљан

Деновиве, екипите на „Паркови и зеленило“ работат на формирање на зелени катчиња со нов естетски изглед и оформување на нови парковски решенија.

 Се реконструираат:

паркот во близина на мостот кај каналот „Билјанини Извори“

IMAG05791

кружната сообраќајница на влезот во Охрид кај населба „Даљан“

IMAG05741

зеленото катче околу спомен-обележјето на Коста Абраш на Сараиште

085648

Постоечките површини се реконструираат со оплеменување со плодна земја, засадување на нови цветни леи и декоративни садници и украсување со декоративен чакал.