Стојаноски: Неспособноста на локалната самоуправа не може да се покрива со распродажба на имотот на охриѓани и на сите граѓани

ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-конференција, на која зборуваше координаторот на советничка група на СДСМ во Совет на Општина Охрид,  Јован Стојаноски, кој истакна: 

„ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески бесрамно донесоа одлука за продажба на четири огромни земјишни парцели во Охрид, сопственост на Република Македонија.

Одлуката за продажба на државно земјиште ја доведува во прашање изградбата на автобуската станица, домот за стари лица и катните гаражи. Витални проекти од огромно значење за охриѓани.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески во нивната изборна програма ветија дека овие проекти ќе се финансираат со средства од општинскиот буџет и преку јавно приватно партнерство.

ВМРО-ДПМНЕ не го исполни ветувањето.

Неспособноста на локалната самоуправа не може да се покрива со распродажба на имотот на охриѓани и на сите граѓани.

Зошто на приватно земјиште да се градат проекти од јавен интерес?

Зошто бизнис интересите на поединците блиски до владејачката партија се поважни од интересите на сите граѓани?

Советниците на СДСМ и коалиционите партнери се противат на ваквите избрзани одлуки со кои се раскрчмува имотот на сите граѓани.

Признанието на градоначалникот Бакрачески дека не може да го реализира сопственото ветување овие проекти да се изградат по пат ја јавно приватно партнерство е уште една потврда за состојбата во којашто се наоѓа општина Охрид.

Бакрачески призна дека ниту еден инвеститор немал интерес да стапува во партнерски односи со општина Охрид по пат на ЈПП.

Сето ова беше причина советниците од СДСМ и коалиционите партнери да ја напуштиме вчерашната седница на Советот.

Единствена гаранција дека проектите од значење за охриѓани ќе се реализираат е да се изградат по пат на јавно приватно партнерство.

Ова дефинитивно значи само дека државниот имот, за ефтини пари, ќе премине во сопственост на приватни лица, се разбира блиски до партијата на власт.

А охриѓани, за навек ке останат без капиталот кој во наследство ни го оставија нашите предци.“ – истакна Стојаноски.