Во големата сала на општина Охрид, денес, во организација на секторот за туризам и локален економски развој во соработка со Факултетот за туризам и угостителство се одржа втората работилница од проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето во Општина Охрид “, финансиран и поддржан од Министерството за култура на Р.М.
„Работилницата беше посветена на значењето на традиционалната храна и начинот на презентирање на понудата и атрактивноста на готовиот производ, зашто „ да се доживее нешто убаво и да се раскаже на своите пријатели , тоа е најдобра реклама“ – истакна професорката Ангела Василеска од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
На работилницата присуствуваа голем број ученици од средното угостителско училиште, студенти и поединци заинтересирани за производство и промоција на традиционалните рецепти, стекнување на поголема вредност и брендирање на локалните призводи, а воедно беа презентирани и можностите за отворање на сопствен бизнис преку производство и послужување на овој вид на храна на автентичен начин.
Работилницата чија цел беше да се поттикне, мотивира и долови креативноста на учесниците и да се даде повеќе отколку што се очекува за да се добие лојален потрошувач ја постигна целта. Ревитализацијата на традиционалната кујна фузирана со класичната кујна ќе го даде посакуваниот бренд, кој пак е важен дел за атрактивноста и уникатноста на понудата во Охрид како град препознатлив по својата традиција.