Кривично пријавени осум лица, откриени 21 сириски државјанин

Во изминативе неколку дена во четири одвоени случаи на криумчарење мигранти МВР до надлежното ОЈО поднесе кривични пријави против осум лица за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“ казниво по член 418-б став 2 од КЗаконик на Р.Македонија, и притоа за Судија на претходна постапка на четворица од пријавените им изрече мерка притвор во траење од по осум дена, а на двајца мерка притвор во траење од по 30 дена. Во рамки на случаите откриени се 21 илегален мигрант сите од Сирија.

Во првиот случај кривичнопријавените С.Л. (43) и М.В. (47) и двајцата од Богданци на 27.10 по претходен договор со две ПМВ (“лада самара“ и “хундаи гец“) во близина на фабриката за приколки на АД Млаз – Богданци прифатиле 13 илегални мигранти од кои три малолетни деца со намера да ги превезат до КУманово (осум лица во ПМВ “лада самара“ и пет лица во ПМВ “хундаи гец“).

Во вториот случај пријавениот Ќ.А. (40) од Скопје со возило марка “голф 4“ со италијански регистарски таблички вчеравечер е сопрен од полициски службеници на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на Неготино при што во возилото се откриени петмина сириски државјани кои илегално од Грција влегле во државава со намера да стигнат до кумановско.

Потоа во третиот случај кривично пријавени се спрските државјани К.Н. (23) К.Г. (47) и Ф.С. (49) сите од Бујановац, Р. Србија, како и македонската државјанка В.Б. (38) од Куманово. Имено пријавените кои се превезувале со ПМВ “алфа ромео“ со српски регистарски таблички биле сопрени од страна на УПС од ПС за БПС Петровец, на автопатот Велес-Скопје, поточно кај клучката Катланово, при што во возилот биле затекнати и двајца сириски државјани без регулиран престој во државава. И во четртиот случај кривично пријавен е Д.Т. (32) од Куманово кој со ПМВ “рено 4“ од центарот на градот прифатил еден сириски државјанин со намера за паричен надомест од 50 евра да го однесе до село Лојане.