Користење на информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединци

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2014 година, 68.3% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за 3.3 процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2013 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 65.0% во 2013 година, на 67.7% во 2014 година.

Речиси сите (99.1%) домаќинства со интернет-пристап, имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет.

Во првото тримесечје од 2014 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер користеле 67.6%, a интернет користеле 68.1%. Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 96.3%. 55.2% од корисниците на интернет во првото тримесечје од 2014 година употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или работа.