Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во кое се вели:
„Какво безобразие, луѓето кои го уништија ЈП „Охридски комуналец“, кои за приватна корист истото го опустошија за неколку стотици илјади денари, се дрзнаа да го критикуваат актуелното раководство кое настојува да спроведе работна атмосфера и редовност во доаѓањето на работа во ова претпријатие. Каква срамота за СДСМ, беше и остана партија која подржува луѓе кои сметаат дека на работа се оди “ради- реда“ за прошетка или колку да се исполни слободното време. СДСМ беше и остана партија која е поддржувач на безредието и нередовноста во доаѓањето на работното место.
Почитувани од СДСМ, умре времето кога во ЈП „Охридски комуналец“ се доаѓаше и заминуваше од работа по лична желба и расположение . Актуелниот менаџерски тим спроведува ред и дисциплина во работниот процес.
Господа од СДСМ треба ли да ве учиме дека нередовното доаѓање и неоправданото отсуство од работа се казнува?
Значи, вработените кои во периодот на спроведената контрола користеле годишен одмор или слободни денови немаа да бидат санкционирани додека казната ќе биде неизбежна за сите кои не го евидентирале своето присуство, односно тоа било неоправдано.
Почитувани од СДСМ, месечната платата се заработува, а не се добива за уживање.
ВМРО- ДПМНЕ, секогаш ги подржувала и ќе ги подржува принципите на чесност, посветеност , ангажираност и трудољубивост во работниот процес.“- стои во реакцијата.