Охридските пратеници Николоски и Василевски на средби со граѓаните

Согласно практиката на отвореност и интензивна комуникација со граѓаните пратениците Александар Николоски и Сашо Василевски во тим со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славе Трпевски, а придружувани од претставници на централните и локалните инситуции во изминатиот период од 40 дена посетија 19 населени места во Охридско и Ресенско.

Беа посетени сите поголеми села во Охридско и значаен дел во Ресенско. Во Охридско беа посетени населените места Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, Елшани, Рача, Вапила, Ливоишта, Подмоље, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел, Лескоец и Велгошти, а во Ресенско населените места Избиште, Јанковец, Перово, Болно и Стење.

Ова е дел од континуираната политика на отвореност и дирекни средби со граѓаните како би можеле да се препознаат вистинските прашања од интерес на граѓаните и истите да се разгледаат во Собранието на Република Македонија во рамките на надлежностите, како и да се упатат до Владата на Република Македонија и општините Охрид и Ресен во рамките на нивните надлежности. На средбите беше презентирано што се е реализирано досега како резултат на вакви и слични средби во минатото, а беа забележани и прашањата кои треба да се решаваат во следниот период. Средбите беа од отворен карактер и секој жител на населените места можеше да присуствува. Најзначајни проекти кои беа презентирани кои или се реализирани или се во тек на реализација се реконструкцијата на аеродромот Св. Апостол Павле, изградбата на ТИРЗ во која своја фабрика веќе гради германската ОДВ Електрик со 1000 вработувања, изградба на неколку регионални патишта, изградба на канализациони и водоводни мрежи, изградба на повеќенаменски спортски игралишта, почеток на реализација на проектот за откупен центар за јаболка во Ресенско на Дубаи епл ленд, градба на автопатот Кичево- Струга- Охрид, почеток на изградба на автопатот Охрид- Пештани- Св. Наум во 2015г, почеток на реконструкција и проширување на магистралниот пат Охрид- Ресен- Битола во 2015г.

Граѓаните најмногу се интересираа за законските решенија кои се носат во Собранието на Р. Македонија, прашања од катастарот, прашања поврзани со локални инфраструктурни проeкти, земојделие, риболов и сл.

Во рамки на веќе востановените практики сите прашања кои не се во надлежност на Собранието на Р. Македонија ќе бидат испратени до Владата на Р. Македонија и општините Охрид и Ресен како би се добил одговор за истите.

Дел од тимот за посета во Охридско беа и Зоран Вељаноски директор на НП Галичица, Јован Баткоски-Раководител на Центар за вработување, Елена Скрческа-Директор на ЈП „Охридски Комуналец”, Ана Димитрова-Раководител на Одделение за катастар на недвижности, Зоран Најденоски -в.д.Директор на ЈП „Македонски шуми”-Охрид, Менка Бојаџиева- Советник во  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство-Охрид.

Дел од тимот за посета на Ресенско беа и Ѓоко Стрезовски- Градоначалник на Општина Ресен, Лазар Јошевски- Раководител во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Татјана Ѓештаковска- Раководител на Одделение за катастар на недвижности-Ресен.

Пратениците Николоски и Василевски и понатаму остануваат отворени за средби преку канцеларијата за комуникација со граѓани како и во Собранието на Р. Македонија, а ќе продолжат со изнаоѓање и на други форми на комуникација, нашата цел е решенијата кои се носат во Собранието на бидат во интерес и во кординација со граѓанните.