Прием на бронзениот кикбоксер од ЕП Зоран Ивановски

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денес го прими Мики Ивановски кој на последното Европско првенство во Билбао го освои третото место во категоријата К1 до 81 килограм. Спасески му го честиташе успехот на Ивановски, кој успеа во најтешката категорија да се закити со медалја.

Ивановски се заблагодари за приемот и додаде дека ова за него преставува почеток во неговата кариера каде во наредниот период ќе тренира со уште позасилено темпо за да успее да се закити со златна медалја од следното Европско првенство.