ЈП „Нискоградба“ поставува атмосферска канализација на ул. „Карпош Војвода“

Јавното претпријатие „Нискоградба“ – Охрид, денес започна со градежни активности – поставување на атмосферска канализација на улицата „Карпош Војвода“. На овај дел од улицата, поради неповрзаност со атмосферска канализација, години наназад се собираше вода на улицата која претставуваше проблем за жителите и минувачите на оваа улица.

Цевководот ќе биде со ширина Ф200 и ќе биде со должина до 20 метри. Ќе бидат поставени две шахти кои ќе бидат покриени со лиено железна решетка – сливници.Со овај градежен зафат, овај долгогодишен проблем ќе се надмине.