Во врска со денешното соопштение на ВМРО-НП Охрид, реакција испрати општина Охрид, во која стои:
„Луѓето од Народна Партија тргнале по исправен пат штом јавно почнаа да даваат поддршка за проектите и активностите на новата власт на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески.
Им благодариме за јавно дадената поддршка на активностите на власта, само тука цениме дека е потребно, нив и цената јавност да ги информираме дека новата власт редовно ги исплаќа стипендиите на студентите, а истовремено ги исплаќа и заостанатите не исплатени средства кои останаа како наследство од минатата власт, чиј дел беше и Народна Партија.
За разлика од порано, стипендистите сега ги добиваат парите кои им се доделени.“- се вели во реакцијата.