ВМРО-ДПМНЕ: Од ВМРО-НП нека ја проверуваат точноста на она што го изнесуваат, на тој начин и себе си ќе се поштедат од идните сопствени јавни бламажи

Во врска со соопштението на ВМРО-НП Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која се вели:

„Вообичаено во сопствен стил, ВМРО-НП го критикува секој добар проект реализиран од градоначалникот Никола Бакрачески  кој е во полза на младите охриѓани,  настојувајќи  успесите на новото локално раководство на  ВМРО- ДПМНЕ да си ги препише на сопствена сметка.

Факт е дека за прв пат во историјата на Охрид по иницијатива на  градоначалникот Никола Бакрачески , Општината  почна да доделува стипендии за талентирани ученици и  студенти. Уште подобро е што локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ создава услови бројот на добитници на паричната помош во континуитет од година во година да расте.

Општината од 2006 година доделуваше помош но само за студенти  и тоа од социјално ранливите семејства . Значи талентираноста не беше еден од основните критериуми за доделување на надоместокот. Стипендиите за основците и средношколците  воопшто не се доделуваа, односно  проектот  за прв пат го воведе градоначалникот Никола Бакрачески.

Во интерес на вистината и во насока на пласирање точни информации  од  ВМРО-НП нека ја проверуваат  точноста на она што го изнесуваат , на тој начин и себе си ќе се поштедат  од идните сопствени јавни бламажи.“- стои во реакцијата.