Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, заедно со тим од секторот за ТЛЕР во понеделник во Прага ќе одржи презентација на туристичката понуда на Охрид пред сите позначајни туроператори од Чешката Република, како и пред новинари од најзначајните специјализирани списанија и магазини за туризам и останати медиуми.
Ова е продолжение на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација, после презентациајта на градот во Стразбур во Советот на Европа и според организацијата и големината на настанот, претставува најзначен настан што било кога во историјата Општина Охрид сама го организирала и реализирала.
На настанот ќе бидат присутни и претставници на сите поголеми хотели и туристички агенции од Охрид.