Нова водоводна линија на улицата „Будва“

Екипите на МЈП „ПРОАКВА“,  РЕ Водовод Охрид, вчера завршија со изведба на крак од нова водоводна линија на улицата „Будва“ пред предвидениот рок. Профилот на линијата изнесува ф 63 мм и е во должина од 100 метри.

Исто така деновиве привршуваат и активностите за уредување на мини – плоштадот во населбата Рача каде заедно со останатите јавни претпријатија, а во координација со Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, МЈП „Проаква“ свој придонес даде со поставување на фонтана и обезбедување на водоводна инсталација за истата.