Во просторите на Фераро ресторанот денес се одржа комитски ручек по повод 23-ти Октомври ден на ВМРО. Присутни на оваа прослава беа Пратеникот Васко Наумовски, Конзулаторката Бети Коруновска, претседателите на ЗК на ВМРО ДПМНЕ од другите градови на Австралија и нашиот светски првак во карате Пеце Наумовски. Претседателот на ЗК на ВМРО ДПМНЕ за Мелбурн Џими Котевски ја започна прославата со првиот говор, а Претседателот на Унијата на Млади Сили на ВМРО ДПМНЕ – Австралија Сашо Наумовски во неговиот говор даде мала историја за денот:
„Добро дојдовте на овој прекрасен ден , да го прославиме овој голем Македонски празник 121год. од формирањето на Македонската револуционерна организација во Солун.
На 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги стават основите на тоа, кое што ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку АСНОМ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.“– рече Наумоски.
„Во 1910 година оваа свемакедонска организација го добила дефинитивното име: Внатрешна македонска револуционерна организација или ВМРО. Но во таа година дојде и расколот. Раскол кој беше една од причините за парализирањето на македонското национално и револуционерно движење и распарчувањето на Македонија и македонскиот народ во Балканските војни во 1912 и 1913 година.
Но Македонците срдечно работеа против новите непријатели на Македонија и Македонскиот народ. Војводи како Васил Чакаларов „Срашниот Гркоубиец“, Пиринскиот Цар Јане Сандански и првиот Претседател на АСНОМ и Република Македонија Методија Андонов Ченто ја продолжија борбата за обединета и слободна Макдонија.
Ние го исполнуваме заветот. Република Македонија од 1991 година достојно ги продолжува идеалите на следбениците на македонската револуционерна борба. Од славната Крушевска Република, од државотворниот АСНОМ.
Нашата слобода за независност не е завршена, Македонија има уште неколку дела за да биде цела. Македонската револуционерна борба не е завршена доколку ослободувајнето на овие дела не се исполни.
Да живее Македонија! да живее Македонискиот народ! Амин!“– истакна претседателот на Унијата на Млади Сили на ВМРО ДПМНЕ – Австралија, Сашо Наумовски – Лавче.