Француската Амбасада во Скопје преку својата служба за Внатрешна Безбедност во соработка со ОБСЕ од 3 до 7 ноември 2014 година организираше обука наменета за 11 водачи на кучиња од Единицата за службени кучиња при МВР.
Обуката ја реализираа двајца француски експерти и обучувачи од француската Национална жандармерија од Центарот за обука на службени кучиња во ГРАМАТ, кои заедно со македонските колеги разменија знаења во однос на техниките на детекција на дроги со помош на службени кучиња.
Активностите во рамки на оваа обука се реализираа во кругот на самата Единица за службени кучиња при МВР како и на аеродромот Александар Велики, граничниот премин Табановце и спортско рекреативниот центар Борис Трајковски;
Оваа плодна недела на соработка и меѓусебна размена на искуства се заврши со демонстрација на техниките и доделување на дипломи.
На затворањето на обуката присуствување и Амбасадорката на Франција во Р. Македонија, Лоренс Оер, Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ Ралф Брет и претставници од Министерство за внатрешни работи.