Приведена Албанка поради фалсификување и измама

СВР Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување“ и „измама“, на 07.11.2014 година ја приведе О.Ч.(43) од Република Албанија.

Приведувањето е по барање на Секторот за меѓународна соработка во Министерството за внатрешни работи по што Основниот суд во Охрид и одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Приведувањето е извршено во стан во Охрид во кој О.Ч. привремено го користела а по претходно известување на јавниот обвинител. Сега притворената, во станот била со двете малолетни деца кои се предадени на Центарот за социјални работи Охрид.