Забрзано се работи на фудбалскиот терен со вештачка трева

Градежните активности на стадионот на вештачка трева при СРЦ „Билјанини извори“ се во напредна фаза. По акцијата за поставување на вториот слој на тампон во текот на минатите две недели и по минатонеделниот процес на постаување ситен тампон- песок, од денес ЈП „Градски гробишта“ пристапи кон поставување на рабниците на периферните делови на теренот.

Поставувањето на рабниците има значајна улога во системот за одвод а со нив теренот и физички ќе биде одделен од останатиот простор.

Како што е веќе познато, теренот на вештачка трева е донација од Европската куќа на фудбалот УЕФА, а за сите пропратни активности на и околу теренот финансиските и градежните обврски се на товар на Општина Охрид.

Проектот се очекува да биде готов до крајот на оваа календарска година по што Охрид ќе го има најсовремениот фудбалски терен на вештачка трева кој може да биде магнет за развивањето на спортски туризам и подготовки на голем број, пред се фудбалски екипи во зимскиот и летниот припремен период.

Ivicnjaci_teren_treva_4852