Кривична пријава за жител од Горно Лакочереј поради недозволено поседување оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава  против Б.М.(67) од Охрид.

На втори април годинава околу 21 часот, во селото Горно Лакочереј при извршен преглед врз пријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол марка „Валтер“ со калибар девет милиметри и еден куршум кратко зрно од истиот калибар.

Рачното огнено оружје е забележано во џеб од горната облека при преземање мерки за утврдување на идентитетот на сега пријавениот, а по претходно пријавена сообраќајна незгода и нарушување на јавниот ред и мир во селото Горно Лакочереј.

Одземеното огнено оружје и другите предмети се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.