Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 13 до 17 степени.
Утре се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд, повеќе во јужните делови од земјава и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат пониски и ќе се движат од 11 до 17 степени. Потоа повторно ќе преовладува стабилно време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини.