Забрана за движење на ТМВ и ПМВ со носивост над 1,5 тони

Денеска македонските полициски гранични служби беа информирани од нивните грчки колеги дека поради празничниот период во Р. Грција во оваа соседна земја ќе има забрана за движење на ТМВ, како и на ПМВ со носивност над 1,5 тони.

И тоа: утре (петок, 21.03.) забраната излез од Р. Грција ќе важи од 16,00 до 21,00 часот по грчко време; потоа во сабота (22.03.) за излез од Р. Грција од 08,00 до 13,00 часот по грчко време и вторник (25.03.) за влез во Р. Грција од 15,00 до 21,00 часот по грчко време.