Охридскиот народен театар на 20-ти ноември (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја одигра театарската претстава „Детектор за лаги“, во режија на Ненад Витанов, а текст од Василиј Сигарев.
Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски, Сценографија: Филип Коруновски, Костимографија: Александра Крнинова Груев.
Влезот чини 100 денари.