ВМРО-ДПМНЕ: Лажниот популизам на тнр.Народна излегува на дело преку тнр.проекти за Охрид

Во врска со денешната прес-конференција на ВМРО-Народна партија, каде беше претставен предлог-проект за енергетска независност на општина Охрид, со реакција излезе ВМРО-ДПМНЕ во која стои:

„Лажниот популизам на тнр.Народна излегува на дело преку тнр.проекти за Охрид. Како поинаку освен како врвно лицемерие да се сфати таков предлог кој доаѓа од страна на  луѓе, кои прво не се стручни, а и до пред 6 месеци беа 8 години на власт во Охрид и никогаш не спроведоа никаков проект. Единствено што знаат граѓаните, е дека тие потрошија 8 годишни буџети и оставија дополнително уште 32 милиони долгови или вкупно управуваа со над 100 МИЛИОНИ ЕВРА.

Денес проекти нудат, истите луѓе кои под проект подразбираа поддршка на сопствените бизниси, непотизмот при составување на комисии за јавни набавки, истите кои поддржуваа расипништво во јавните претпријатија, кои го заглавија Охрид и впрочем истите кои со своите коалициски партнери, ниту доставија изборна програма со конкретни проекти, ниту пак добија мандат од граѓаните за било каква нивна идеја. 

ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот на граѓаните во Охрид, има програма со проекти која граѓаните ја одобрија на избори и таа програма и проекти се спроведуваат. Се друго е гола демагогија, популизам, лага и лицемерие на една патетична група луѓе.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО–ДПМНЕ Охрид.