ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:
„ВМРО ДПМНЕ и Никола Бакрачески си поиграа со судбината на 20-тина вработени во детската градинка „Јасна Ристеска“. Луѓето се оставени во неизвесност, да работат како волонтери, иако во Буџетот беа предвидени 6.560. 000 денари за да бидат исплатени како времено вработени.
Со новиот ребаланс, оваа ставка ја намалија за огромни 5.560 000 и ја сведоа на само 1.000.000 денари.
Власта си поигрува со егзистенцијата на овие вработени во градинката и со тоа што тие се платени далеку под минималната плата во државата иако чесно си ја извршуваат работата.
СДСМ апелира општинската власт да ја преиспита и повлече ваквата срамна одлука и еднаш да им стави крај на недостојните начини на искористување на работната сила на вработените во детската градинка “Јасна Ристеска“.“– се вели во соопштението.