Дваесет и три кандидати на ниво на СВР Охрид денес го отпочнаа процесот на полагање на практичниот тест за полициски службеници. Практично, ова е групата кандидати за полициски службеници што денес го полагаат третиот испитен модул поврзан со мерките за контрола на возила и возачи.
Испитниот процес е поврзан со познавање на законските сообраќајни правила и прописи односно познавање и практична примена на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преземање мерки за безбедност во сообраќајот и по други параметри.
Полагањето се реализира на неколку локации во градот, а го оценуваат четири оценувачи од различни сектори за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи.