Деловни тенденции во градежништвото

Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во третото тримесечје од 2014 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2013 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е поповолна во однос на претходното тримесечје, а подобра и во споредба со истото тримесечје од претходната година.

Во третото тримесечје од 2014 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се поповолни, оценката за тековната состојба со порачки (договори) е на исто ниво како и во претходното тримесечје, очекувањата за вкупните порачки (договори) во наредните три месеци се дека ќе се намалат, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата. Во наредниот период се очекува да се намалат продажните цени.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемените финансиски трошоци (камати) со 16.6%, немањето на побарувачка со 15.8%, зголемените трошоци за материјали со 13.7 % и конкуренцијата во сопствениот сектор со 11.6%.