Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Од прогласувањето на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, со резолуцијата на Генералното собрание 60/5, почитувањето на овој ден се шири во поголем број на земји на сите континенти.

Овој ден се одбележува во третата недела од ноември, а стана важен елемент во глобалните напори за намалување на жртвите во сообраќајни незгоди. Целта на овој ден е да се обрне внимание кон степенот на емоционална и економска штета, предизвикана од сообраќајните незгоди, како и да им се оддаде почит на жртвите, а и признание на службите кои се тука да помогнат.