Ракометарките на „Моби Дик“ повторно успешни во гости, овој пат во Куманово

Пионерската екипа на РК „Моби Дик“ уште еднаш успеа да освои три бода во гости, овој пат на тешкото гостување во Куманово со резултат 16:17 (7:9). Со оваа победа, охриѓанки успеаа да врзат три победи со ред и значително да ги зголемат шансите за пласман во завршниот Final4 турнир.

За охридскиот тим, Маркоска постигна шест погодоци, Блажеска пет, Јолеска три пати беше прецизна, Алексиоска два, додека пак Ложанкоска еднаш го погоди противничкиот гол. Следниот викенд, „китовите“ на домашен терен го пречекуваат апсолутниот фаворит во лигата, екипата на „Металург“ од Скопје.