ЈП „Охридски Комуналец“ продолжи со реализацијата на активностите околу расчистувањето на речните корита и канали на територијата на општина Охрид.
„Се расчистува речното корито на р.Сушица, на потегот од ул. „Петрино“ до Винарска визба. Расчистувањето на наносите и ниската вегетација, како и расчистувањето на комуналниот и градежен отпад се врши со ангажирање на специјална механизација.“- информираат од претпријатието.
Како што велат, со овие активности ќе се подобри еколошкиот амбиент на ова подрачје, а воедно ќе се превенира евентуалното поплавување на околното земјиште.