Развивање стратешки концепт за справување со организираниот криминал

„Слабите институционални капацитети и корупцијата на сите нивоа и во сите сфери на општеството за време на раниот период на транзиција, заедно традиционалниот систем на казнена правда и конвенционалните методи на истражување во полицијата, не дадоа резултати во редуцирањето и спречувањето на организираниот криминал. Одамна се наметна потребата од развивање на нови методологии и пристапи кои ќе овозможат стратешки и систематски пристап во истражувањето и сузбивањето на организираниот и прекуграничниот криминал“Ова меѓу другото го истакна првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, м-р Митко Чавков на денешното потпишување на Меморандумот за соработка за имплементација на проектот “Британските методологии и практики за собирање и анализа на информации“. со амбасадорот на Обединетото Кралство во РМ г-динот Чарлс Гарет. што во наредната година дена ќе биде реализиран од странана Британската национална агенција за борба против криминалот (NCA).

Како што истакна Чавков – “заради надминување на постојниот, претежно реактивен и некоординиран пристап во полициското работење и развивање на проактивен пристап, реформите во Бирото за јавна безбедност последните неколку години, продолжија со воспоставување на модел за криминалистичко разузнавање кој значи институционализација на процесите за утврдување на приоритети, собирање на информации, процесуирање, анализа и споделување на податоците за организираниот криминал, преку воспоставување и усвојување на стандарди кои треба да обезбедат веродостојни, релевантни, навремени и споредливи информации на национално и меѓународно ниво“.

Според Чавков интенција на овој дел од реформите, со воспоставување на унифициран модел во истражувањето, е да се подобри ефективноста во работењето во БЈБ помеѓу различните организациони единици како и подобрување на соработката со останатите органи за спроведување на законот. Што пак всушност претставува процес за развивање стратешки концепт за справување со организираниот криминал компатибилен со стандардите во Европската унија и европската политика за спроведување на законите врз основа на разузнавање.

Притоа, диркеторот на БЈБ нагласи дека овој Меморандум, односно проектот кој што добива официјална правна рамка, отвора нова можност за македонската полиција, преку искуствата на британски колеги од Национаналната агенција за борба против криминалот (NCA) да се имплементира уште еден сет квалитетни полициски практики што уште повеќе ќе ја зголемат оперативната функционалност, а следствено на тоа и успешноста во разоткривањето на различните облици криминал. Наедно, како што посочи директорот Чавков преку реализацијата на овој едногодишен проект се отвора простор за натамошна стручна едукација особено на полициските службеници од областа на анализата.

Амбасадорот Гарет пак од своја страна, поздравувајќи го парафирањето на Меморандумот како уште една потврда на извонредната соработка меѓу двете земји нагласи дека соработката во областа на безбедноста и борбата против организираниот криминал е многу битна. “И токму поради тие причини Велика Британија особено ја цени билатералната соработка со Република Македонија“, истакна амбасадорот Гарет притоа потенцирајќи дека – “организираниот криминал секаде значително влијае на земјите и на самите општества: влијае на економијата, директно ја поткопува националната и регионалната стабилност и го уназадува процесот на интеграција кон евро-атлантските структури“.

„Преку овие обуки и оваа поддршка ќе можеме на нашите македонски партнери да им го пренесеме искуството и да им помогнеме во градењетоп капацитети за изготвување на анализи преку собирање на информации со што тие ќе може поефикасно да пристапуваат во борбата против организираниот криминал“, истакна амбасадорот Гарет.

Хедли Гил, регионален менаџер на Националната агенција за борба против криминалот во своето кратко обраќање по повод потпишување на Меморандумот за соработка, како непосреден спроведувач на предвидениот проект ја истакна есенцијалната важност од билатералната соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство за успешност на самиот проект. Фокусирајќи се на разузнавањето или проактивното полициско работење како основа за ефикасна борба против криминалот, г-дин Гил изрази благодарност за можноста за заедничка борба и попречување на криминалците и криминалните активности.