Утре во ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи трибина на тема „Епилепсија“

ОУ „Христо Узунов“ и Здружението на граѓани за лица со епилепсија утре, 19-ти ноември, во салата за приредби на ОУ „Христо Узунов ќе одржат трибина на тема „Епилепсија“. Предавач ќе биде еминентниот професор доктор Филип Дума.
Целта на трибината е запознавање на децата од  VIII и IX одделение со оваа болест како реалност помеѓу наслението и превенција од неа.