Ја уценувал поранешната девојка со компромитирачки “клипови“ барајќи 5000 денари

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје по превземени мерки и активности, до надлежното ОЈО со кривична пријава го предаде лицето А.Ш. (19) за сторени кривични дела -“уцена “ (по чл. 259) и – “злоупотреба на лични податоци” по чл 149 ст. 2 од КЗ на РМ. Од страна на судија за предходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од осум дена.

Имено, пријавениот кој предходно бил во љубовна врска со оштетената на 13 овој месец и се заканил дека доколку не му даде парични средства во висина од 5000 денари ќе објави фотографии со копромитирачка содржина на социјалната мрежа “Instagram” кои фотографии ги направил при сексуален чин помеѓу нив. Истиот ден, пријавениот го отворил Инстаграмот без нејзина согласност и користејќи лични податоци од оштетената на лажниот профил поставил дел од нејзина фотографија направена при сексуален чин.

Кога оштетената дознала дека А.Ш. отворил лажен „Instagram“ профил и поседува нејзини компромитирачки фотографии, се сретнала со него при што истиот физички ја нападнал, задавајки и удари во пределот на лицето и повторно и се заканил дека ќе ги објави фотографиите и видео клиповите со компромитирачка содржина доколку не му даде 5000 денари.

Оштетената случајот го пријавила во ПС ОН Бит Пазар при што е земен Зaписник за примање на пријава и поради потребата од обезбедување докази за кривичните дела со потврда за одземени предмети од истата се одземени 3000 денари кои се фотографирани за што е изготвен Фотоалбум и истите и се вратени со потврда за вратени предмети .

Пријавениот на 14 овој месец по претходно телефонско јавување и упатени сериозни закани, од оштетената земал 3000 денари, по што повторно физички ја нападнал. По превземени дејствија од страна УПС од ЕПОИ – АЛФА пријавениот е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Кисела Вода заедно со уште едно лице кое било со пријавениот при извршување на кривичните дела. Во ПС ОН Кисела Вода на пријавениот му е извршен преглед при што се пронајдени парични средства и мобилен телефон и истите се одземени, а врз основа на дадена усна наредба од судија за предходна постапка од ОСС Скопје 1 извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени и одземени еден компјутер и повеќе ЦД дискови.