ОО на ЛДП Охрид, денес испрати реакција, во кое се вели:
„Општина Охрид, не треба да чекате ЛДП да ви помогне за да откирете како што велите- црни сценарија, кога ги имате сите правни инструменти и информации во ваши раце.
Вие, денес место да обвинувате и да барате претставници на ЈП да коментираат штетност на договорот, можевте на сосема професионален начин да дадете информација до граѓаните на барање на советник. Очигледна е вашата непостојаност. Вчера изјавивте дека нашето барање е без аргументи и неосновано, а денес изјавувате дека помагаме во откривање на афери.
Кога пак прашувате за ЛДП и ја обвинувате дека дозволила да се потпишуваат вакви договори, јас ќе ве потсетам дека ЛДП тогаш не била во институциите на системот и оттаму е логично да се заклучи дека немала доволно информации и факти за какви и да било реакции.
Сериозен политички ентитет како ЛДП, нема да оквалификува каков е некој договор, а уште помалку договори кои значат пионерски инвестиции во енергетиката. Веќе две годни сте на власт и никако да побарате да се формира Надзорен орган за ова јавно- приватно партнерство во кој ќе има претставник за кој ќе одлучи советот,со што ќе се зголеми транспарентноста, ќе се заштитат интересите на граѓаните и ќе се извлече максимумот од ваквото партнерство. Затоа преку нашиот советник баравме да се доставуваат до советниците месечни, квартални и годишни финансиски извештаи.
Прво, за ваша информација, кога се проектираат приливи, самиот збор ви кажува дека тоа се идни очекувања кои се засноваат на стручни предвидувања. Уште повеќе, кога се поврзани со временски услови .
Второ, вкупен приход во договори со приватен партнер, нajчесто може да биде предмет на делба, кога приватен партнер ќе ви биде само некој од рангот на Субрата Рој.
Трето, благодарам за позитивната вест за тоа дека согласно договорот, по изминувањето на периодот од 40 години, хидроелектраните остануваат во владение на јавното претпријатие и градот , како и тоа дека двете страни имаат ист процент на право на гласови при носењето на одлуки.
Четврто, се надевам дека во следните јавно-приватни партнерства кои ви се во план, вкупниот приход ќе ви биде основа за делба и општината ќе учествува во капиталот со 1 процент, ане само декларативно да ја обвинувате опозицијата,а во пракса да спроведуватенешто сосема поинакво со далеку понеприфатливи услови за јавно-приватни партнерства . За илустрација само, во оваа постапка се Градски Пазар, Автобуска станица итн,итн…
Вашите смешни спинови кои имаат за цел да прават раздор во опозицијата не само што не ви поминуваат , туку само докажуваат дека повторно пукавме како опозиција во мета и постојано, за жал, ја докажуваме вашата неподготвеност за соочување со состојбите и како локална самоуправа и како владејачка партија. Денешните реакции, беа ваш автогол и серионо ја разнишаа и онака кревката доверба кај граѓаните како локална самоуправа.“– стои во рекацијата.