Елколект ДОО во периодот од 4ти Септември 2017 до 31ви Октомври, ќе им овозможи на жителите на општина Охрид да учествуваат во акција за ослободување на своите електрични и електронски апарати и истовремено да станат потенцијални добитници на една од петте вредни награди (ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер).
Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект лоцирани на територија на Општина Охрид станува потенцијален добитник на вредна награда. Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се зголемува и можноста за добивање награда.
Еко магацините на Елколект во Општина Охрид се лоцирани на: ул. Асном ББ („Механизација“) и Дирекција на Ј.П. „Охридски Комуналец“.
Подетални информации околу правилата на наградната игра жителите на Охрид може да добијат и со повик на тел: 02/ 309 77 66 или на веб страната на Елколект ДОО www.elkolekt.mk