Повредено дете на фудбалски натпревар помеѓу „Шкупи 1927“ и „Младост“

Вчера во временскиот период од 11.00 до 16.00 часот во нас.Чаир – Скопје на Стадион на ФК „Шкупи 1927“, одигран бил фудбалски натпревар од втора лига помеѓу екипите на ФК „Шкупи 1927“ и ФК „Младост“ с.Царев Двор – Ресен, на кој присуствувале околу 1500 посетители, при што навивачката група „Шверцери“ го прославиле нивниот јубилеј во знак на 25 годишнина од нивното формирање.Во 25-та минута од натпреварот во знак на прославување, навивачите „Шверцери“ запалиле неколку пиротехнички средства, при што со повреда на левото око се здобил Ф.Е.(11) од Скопје, кој со возило на ИМП бил однесен во КЦ – Клиника за Педијатрија, каде му е укажана лекарска помош и е пуштен на домашно лекување. Фудбалскиот натпревар е целосно видео и фото документиран. Од страна на ПС-Бит Пазар ќе бидат превземени мерки по основ на ЗППЈРМ и Законот за насилно и недостојно однесување на спортски натпревари.