Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Д.Б. (22) од Елбасан-Република Албанија.
На 19-ти овој месец, при претрес во куќа на улицата „11 септември“ во Кичево каде пријавениот привремено престојувал, пронајдени се 40,7 грама наркотична дрога марихуана. Тој неовластено ја набававил со цел за натамошна продажба на наркозависници од Кичево.
Кај Д.Б. во кутија за цигари оставена во својата јакна пронајдени се две мали опаковки со марихуана додека две најлонски опаковки тој сокрил под саксијата за цвеќе во една од собите од куќата каде привремено престојувал.
Претресот го извршија полициски службеници од инспекторатот за недозволена трговија по претходна писмена наредба од судија во претходна постапка.
Одземената марихуана е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.