Советување – Олеснување и поедноставување на царинското работење

Во насока на олеснување и поедноставување на царинските формалности, во соработка со Стопанската комора на Република Македонија, на 25.11.2014 година, во Кавадарци, беше одржано советување за спроведување на царинската постапка, во делот на:

– Поедноставените царински постапки

– Документи кои се приложуваат кон царинска декларација

– Интегрирана тарифна околина и новините во царинското работење кои произлегуваат од воведувањето на истата

Советувањето беше организирано за компаниите во регионот на Кавадарци, а на претставниците им беа презентирани и беа запознаени со новините и измените во царинската постапка за:

– Документи кои треба/не треба да се приложуваат кон царинската декларација,

– Ослободување од терминалски такси

– 24 часа локалното царинење – извоз

– Увоз на репроматеријали без ограничување во однос на времето во кое ќе се остварува увозот

Претставниците на Царинска управа во текот на советувањето одговараа и даваа појаснувања и совети на поставените прашања и актуелни проблеми при спроведување на увозната и извозната царинска постапка.

Царинската управа се заблагодарува за поддршката и соработката со Стопанската комора на Република Македонија и нејзините членови и истите ги оценува како ислкучително значајни во процесот на унапредување, поедноставување и забрзување на економските активности, како еден од стратешките приоритети на Царинската управа.