Локалната агенција за развој (ЛАР) од Струга утре во Охрид, ќе одржи презентација на Извештајот од истражувањето „Каква е мојата општина“ кое се реализираше во општините Охрид и Струга.
„Ова истражување имаше за цел да ги согледа практиките кои ги применуваат локалните самоуправи на Охрид и Струга за да ја информираат јавноста и да ја доближат својата работа до граѓаните, како и нивото на свесност на граѓаните за траспарeнтноста и отчетноста на општините.“- велат од Локална агенција за развој од Струга.
Истражувањето „Каква е мојата општина“ е спроведено во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“, спроведуван од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Охрид институтот за економски стратегии и меѓународни односи“ (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), а финансиран од Европската Унија.