Бројни награди за учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Оваа учебна година, согласно со планираните активности од Програмата на Владата на Република Македонија за периодот од 2014-2018 год, за прв пат се реализираа меѓуучилишни активности за избор на најдобар ученик – Лидер во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија.

Натпреварите се одржаа во Велес и во Скопје, а изборот се организира за да се покажат, докажат, вреднуваат и рангираат знаењата, умеењата, вештините, способностите и вредностите на учениците по стручните предмети во рамките на струката.

Учениците од ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ и овојпат покажаа одлични резултати.

Ученичката Николина Димоска го освои првото место и стана Лидер на сообраќајната струка во Република Македонија.

Моника Димитриеска и Светлана Тасеска ги освоија второто и третото место, односно ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ беше апсолутен победник во сообраќајната струка. На натпреварот учениците беа под менторство на професорката Весна Нанеска.

oemuc_nagradi_4001

Во електротехничката струка во тесна конкуренција ученикот Стефан Јованоски го освои второто место во образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, Горан Трпчески освои трето место во образовниот профил електротехничар енергетичар, а Љупчо Стојкоски освои трето место во образовниот профил електротехничар за електроника и телекомуникации. Учениците беа под менторство на професорите Владо Јанкулоски, Никола Јованоски, Сашо Ѓорѓиески и Душко Савески.

Во машинската струка ученикот Антонио Тасески освои второ место во образовниот профил автотехничар мехатроничар, Климент Сотироски освои трето место во образовниот профил машински техничар, а Ангела Андреска четврто место во образовниот профил техничар за компјутерско управување. Учениците беа под менторство на професорите Борис Стрезоски, Виктор Пуроски, Јован Пуроски, Борис Јаќимоски и Владо Суклоски.

Во образовниот профил козметичар техничар ученичките Симона Баланческа, Симона Тасеска и Викторија Костовска освоија четврто место. Учениците беа под менторство на професорите Јулијана Карамешиноска и Александра Ставреска.

oemuc_nagradi_4002