Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, изнесува 100.8
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (7.2%), Градежништво (6.9%) и Рударство и вадење на камен (5.2%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (2.5%), Преработувачка индустрија (2.4%) и Градежништво (1.9%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2014 изнесува 31 169 денари. Во септември 2014 година, 0.9% од вработените во Република Македонија не примиле плата.