СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј.(30) од Охрид, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 12.09.2014 година во Охрид на ул. „Ванчо Питошевски“ од страна на полициски службеници затекнат е пријавениот и уште едно лице, кои се оддаваат на уживање на дрога. Од преземени мерки е утврдено дека пријавениот набавил џоинт со тежина од 0,26 грама мешавина на тутун и марихуана, а пота го повикал лицето за да користат од дрогата.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(30) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.02.2014 година, околу 13,00 часот, во Охрид на ул. „Лазо Трповски“ пријавениот на 29 годишно лице му дал наркотична дрога, а потоа полициски службеници извршиле преглед над лицето кај кого пронашле две пакувања со 0,38 грама хероин.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С.(24) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.02.2014 година, околу 19,30 часот, во Охрид од страна на полициски службеници е извршен преглед над пријавениот, кај кого е пронајдено едно пакување со 1,6 грама марихуана. По ова, извршен е претрес во неговиот дом каде е пронајдена 4,1 грама марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35), за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 20.08.2014 година, во општата болница во Охрид било хоспитализирано 31 годишно лице поради предозираност со дрога, а од извршен разговор со полициски службеници е утврдено дека истиот ден од Д.Ј. купил 0,9 кубици метадон и три ампули „диазепам“ за износ од 750 денари.