Кривична пријава за две лица од Дебар поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „бесправно градење“, полициската станица од Дебар против П.П. (61) и Г.Ц. (50) двајцата од Дебар, поднесе кривична пријава.

Пријавениот П.П. во својство на раководител на Секторот за урбанизам и комунални рабооти во Општина Дебар и Г.Ц. како архитект во општината, во периодот од јуни до семптември 2011 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување со пречекорување границите на своето службено овластување и надлежни за вршење на работите од уредување на просторот, од инвеститорот З.Ш. од Дебар, спротивно на условите предвидени со деталниот урбанистички план (ДУП) прифатиле и одобриле основен проект за градба на индивидуален стамбено деловен објект во центарот на Дебар. Со тоа, двајцата пријавени му овозможиле на инвеститорот З.Ш. противправно севкупно да се стекне со имотно-финансиска корист од 148.807 евра.

Тоа го направиле иако увиделе дека проектот предвидува градба на стамбено деловен објект со максимални димензии во површина на приземјето од 200 метри квадратни иако според детеалниот урбанистички план максимално дозволена површина на објектот за посочената градежна парцела изнесувала 104 метри квадратни.

Пријавените, свесно и спротивно на одредбите од Законот за градба и Законот за просторно и урбанистичко планирање, се согласиле со таквиот основен проект и потпишале дека доставената документација односно основниот проект е во согласност со ДУП. На тој начин пријавените на инвеститорот му овозможиле противправно да се стекне со имотна корист-стамбено деловен простор од вкупно 392 метри квадратни. За фактичката површина на објектот инвеститорот З.Ш. требала да плати надоместок за уредување на градежно земјиште од 1.956.000,оо денари. Наместо тоа, во согласност со пријавените, инвеститорот платил 1.243.869,оо денари. По овие основи, пријавените и овозможиле на инвеститорот З.Ш. противправно да се стекне со имотно-финансиска корист од околу 712.130,оо денари или севкупно 9.129.350,оо и со тој износ го оштетиле буџетот на Република Македонија.