Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, изнесува 101.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (7.8%), Градежништво (7.0%) и Рударство и вадење на камен (6.6%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (3.5%), Преработувачка индустрија (2.4%) и Градежништво (1.8%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2014, изнесува 21 278 денари. Во септември 2014 година, 0.9% од вработените во Република Македонија не примиле плата.