Ќе се одбележи Светскиот ден и Неделата на борба против СИДА

Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2014), под мотото „ДА ЈА ПОПОЛНЕМЕ ПРАЗНИНАТА ВО ЗНАЕЊЕ, ПРЕВЕНЦИЈА И ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ХИВ“ со низа активности заедно ќе го одбележат Црвен крст Охрид, Опција Охрид и Центар за јавно здравје Охрид.

Предвидено е да се реализираат следните активности:

– 01.12.2014 г. (12:00 ч.) – Доверливо советување и тестирање (ДСТ) на Градскиот плоштад (плато Летница) – можност секој заинтересиран да го дознае својот ХИВ статус преку тестирање за вирусот на ХИВ со брзи-рапид тестови, како и добивање на корисни совети од страна на струни лица, за начинот на превенција и заштита од ХИВ/СИДА.

– 01.12.2014 г. (12-16 ч.) Делење кондоми, панделки и флаери по охридските кафулиња и на минувачите на Градскиот плоштад, од страна на едукатори за ХИВ/СИДА, проследено со кратки едукативни презентации на видео бимот на плоштадот.

– 01.12.2014 ќе бидат дистрибуирани типизирани предавања во основните и средните училишта со цел наставниците и професорите на одделенските часови да ги запознаат учениците со основните знаења за вирусот на ХИВ, начин на пренесување и како да се заштитат.

– 01-07.12.2014 г. Интерактивни едукативни предавања, работилници и трибини во средните училишта и факултетите во Охрид, од страна на врсничките ПИ-ЕР едукатори на Црвен крст Охрид.

Во текот на Неделата на борба против СИДА планирани се гостувања на едукаторите за СИДА и стручните соработници на Црвен крст Охрид, Опција Охрид и Центар за јавно здравје во емисии на локалните ТВ и радио станици, кои ќе зборуваат за опасностите и заштитата од СИДА и за тековните активности.