Одиграно 17-то коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 17-то коло од Првата Македонска Фудбалска Лига. Постигнати беа следните резултати:

Брегалница  1:1  Силекс

Металург  0:2  Тетекс

Шкендија  5:0  Пелистер

Турново  0:0  Ренова

Вардар  0:0  Работнички

Нерешениот исход помеѓу Вардар и Работнички не донесе промени на врвот. Вардар и понатаму е лидер на табелата со 38 бодови, пред Работнички на второто место со 35 бодови и Шкендија на третото место со 30 бодови.

WebOhrid